Барселона ја потврди најголемата „кражба“ на играч во последно време

Од Барселона штотуку го потврдија трансферот на бразилскиот интернационалц од редовите на Бордо, Малком.

Ова може да се смета како најголемата „кражба“ кога во прашање е трансфер на еден играч.

Имено, Малком беше пред трансфер во Рома, тоа беше потврдено и од таборот на „Римската волчица“. Беше договорен и пречек на аеродромот во Рим, каде се собраа бројни фанови на Рома, но Малком никогаш не слета во Италија.

Наместо тоа, Бразилецот се пресели во Барселона и во Каталонија ќе остане во следните пет сезони. Клубот од „Камп Ноу“ на Бордо ќе му исплати 41 милион евра.