Бенитез најдобар тренер во ноември


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Њукасл Јунајтед, Рафа Бенитез е избран за најдобар во месец ноември во Премиер лигата.

Бенитез го предодеше својот тим до три победи во три меча во овој период, што му помогна на тимот да се извлече од зоната на излегување. Толку поради тоа заслужено го освои ова признание.

Сепак, треба да се каже и тоа дека Њукасл на почетокот од декември игра многу слабо, и на трите досегашни средби освои само еден бод, а двата меча на домашен терен ги изгуби.

Инаку, треба да се спомне и дека наградата за најдобар играч за месец ноември ја освои крилниот играч на Сити, Рахим Стерлинг.