Брегот на Слоновата Коска и ДР Конго ги поделија бодовите (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентациите на Брегот на Слоновата Коска и ДР Конго ремизираа во натпревар од второто коло од групата Ц на АКН.

После десет минути игра Кебано му донесе водство на Конго. Бони во 26-та минута постигна погодок со глава за израмнување.

Долго не стоеше израмнетиот резултат на семафорот бидејќи две минути подоцна Кабананга со глава го врати водството на Конго. Орие во финишот од натпреварот можеше да го израмнети резултатот од слободен удар, но Матампи фантастично одбрани.

Конечните 2:2 ги постави Дие во 67-ма минута.