Валверде не го повика за дуелот со Ваљадолид и со тоа го „отпиша“ од Барселона!? (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона вечерва играат на гостување против Ваљадолид во рамки на второто коло од шпанска Примера.

Актуелниот шампион на Шпанија новата сезона ја почна со победа против Алавес (3-0) во натпревар во кој уште еднаш одличен беше Лионел Меси.

Ернесто Валверде го соопшти списокот со играчи за вечерашниот дуел, а тоа почна многу шпекулации. Тренерот не го повика Рафиња и на тој начин потврди уште еднаш дека нема да смета на Бразилецот сезонава.

Рафиња беше на мета на Интер летово, но не се договорија екипите. Сепак, јасно е дека ќе замине од Каталонија, а најверојатно ќе замине во Бетис.