Вардар на мегдан со Барселона во полуфиналето на Ф4

Шпанскиот гигант Барселона ќе биде ривал на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, беше решено со ждрепка. Во второто полуфинале се среќаваат ПСЖ и Веспрем.

Во првиот историски настап на Ф4 турнирот во Келн ракометарите на Вардар ќе ги одмерат силите со Барселона, тимот што исто така директно се пласираше во четврт-финалето на ЛШ откако го освои првото место во својата група.
Барселона е еден од најтрофејните тимови во Европа, со девет титули во лигата на шампионите, двапати победник на Супер Глоуб, петпати триуфирале во Суперкупот, имаат и 24 титули во АСОБАл лигата, 20 титули во кралскиот куп.

Вардар и Барселона имаме одиграно десет натпревари во лигата на шампионите. Имаме едено реми и девет порази.
Последниве четири сезони двапати играле во групната фаза. Првпат во сезоната 2013/2014 кога одигравме нерешено, 29-29 во Скопје, а загубивме со 30-23 во реваншот. По една сезона пауза во 2015/2016 двапати загубивме, и тоа тесно, 30-31 на гости, и 25-27 во Скопје. Во сезоната 2009/2010 кога во групната фаза двапати игравме и бевме поразени со идентичен резултат 35-28. Првпат се сретнавме во сезоната 2001/2002. Тогаш бевме поразени со 27-35 и 19-41.