Видео: Одбраната на Арсиќ меѓу најдобрите во Лига на шампионите

Дарко Арсиќ беше еден од јунаците на Металург во победата над Спортинг Лисабон, прва во Лигата на шампионите.

Српскиот голман собра 12 интервенции на тој натпревар, а двојната одбрана во 24. минута од средбата се најде во изборот на ЕХФ на најдобри одбрани во 3. коло од Лигата на шампионите.