Видео технологија во Бундеслигата од наредната сезона!

Од наредната сезона во најсилната лига во Германија ќе се користи видео технологија.

ФИФА видео судиите сака да ги користи само во четири ситуации: Кога ќе треба да се провери дали топката ја помина гол линијата, во спорни ситуации како досудување на пенал, и да се провери дали фудбалерот заслужено добил картон, и во случаеви на замена на идентитетот.

Бундеслигата наредната сезона започнува во август, а видео судијата ќе биде поставен на еден натпревар дневно како во НБА и МЛБ.

А во почетокот на следната година ќе се донесе и одлука дали видео технологијата ќе се користи и на мундијалот во Русија.