Во минатото беше чудо од дете: Денес повторно се врати во Европа


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


На Керлон му предвидуваа голема кариера, го сметаа за „чудо од дете“, беше најдобар играч на младите селекции на Бразил, а на 20 години стигна во Серија А, прво во Киево, а потоа и во Интер.

Но, со доаѓањето во италија тргна падот на овој 28-годишен Бразилец кој никогаш не ги оправда очекувањата. Ги менуваше клубовите, играше за Ајакс, па се врати во татковината во 2011 во редовите на Парана, играше и за Национал.

Во Европа се врати во 2015-та година кога потпиша за Силем од Малта, но таму остана само 6 месеци, по што повторно се врати во Бразил, односно во Вила Нова.

Сега повторно се врати во Европа, а овој пат ќе се обиде во Спартак Трнава.