„Времето не е идеално, но не планирам да заминам“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Диего Коста изјави дека нема намера да замине од Челси.

За иднината на Коста се пишуваше во последните месеци, но очигледно е дека неговата желба да игра за Челси е голема.

„Среќен сум тука и навистина немам желба да заминам. Лондон е убав град, овде се живее добро. Можеби малку времето не е по моја желба, но што е, тука е. Имам се што ми треба и не планирам да се селам.“

Коста во Челси стигна од Атлетико во 2014-та година и постигна 52 голови, како и 22 асистенции во 112 натпревари.