„Газета дело Спорт“: Интер ангажира фантастично засилување од Монако!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер беше многу активен во досегашниот дел од преодниот рок, а очигледно на „Џузепе Меаца“ не завршиле со летните трансфери.

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер сака да го ангажира Кеита Балде, кој летоска замина од Лацио во Монако.

Прва желба на „нераѕурите“ беше Лука Модриќ, но откако стана јасно дека тоа е невозможно, тие ќе се насочат токму кон Кеита.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Интер се договорил со Монако за позајмица на Кеита со право на откуп на крајот на сезоната, а 23-годишниот фудбалер наскоро ќе дојде на лекарски прегледи.

Интер за позајмицата на Кеита сезонава ќе плати пет милиони евра, но наредното лето ќе мора да го откупи од Монако за 34 милиони евра, а со Интер наводно ќе потпише петгодишен договор.