Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Петер Шмајхел рече денеска дека шпанскиот тренер Пеп Гвардола многу тешко ќе го примени својот систем на работа во Манчестер Сити отколку што тоа го правеше во поранешните клубови Барселона и Баерн Минхен.
Гвардиола од 2008 до 2012 година ја тренираше Барселона и освои три шампионски титули и по две ЛШ, Суперкуп на Европа, Куп на кралот, светско клупско првенство, како и три Суперкупови на Шпанија.
„Пеп доаѓа со неверојатна репутација., Тоа што го направи со Барселона беше фантастично, неговата работа е фантастична, но имаше премногу среќа што имаше играчи да ја применат неговата филозифија на фудбал. Додека прв приоритет на поранешниот тренер на Јунајтед Алекс Фергусон беше постигнувањето на голови, што е за поголем број на тренери приоритет, кај Пеп е поседот на топка“, рече Шмајхел за Омниспорт.
Шмајхел, кој одигра 398 натпревари за Манчестер Јунајтед, оцени дека Гвардиола создаде успех во Барселона бидејќи имаше среќа, поради тоа што на располагање имаше играчи како Лионел Меси, Чави и Андрес Иниеста.
„Неговата филозофија е: Сакам да имам повеќе посед на топка и во некој момент ќе постигнам гол од тоа, головите ќе дојдат“. Тоа ќе го видиме во Манчестер Сити.
Имаше многу среќа што имаше такви играчи во Барселона, а беше лукав во тоа што го работеше.
Премиер лигата е целосно подруго животно од било кој друг свет. Таму натпреварувањето трае, трае и трае и имаш впечаток дека никогаш нема да заврши. Дури и во март на вав ви остануваат уште 12 натпревари до крајот и посмислуваш за тоа дали некогаш ќе заврши“, додаде поранешниот дански репрезентативец.
Гвардиола уште од 2013 до крајот на минатата сезона го предводеше Баерн од Минхен со кој тим освои три шампионски титули и два Купови.
Шпанецот на клупата на Баерн го наследи Јуп Хејнкес, кој освои трипла круна, а Шмајхел рече дека германскиот тим тогаш играше поинтересен фудбал отколку под Гвардиола.
„Гвардиола беше во ред во Баерн. Морам да кажам дека беше во ред но мислам дека од навистина добар и забавен тим претвори во досаден за гледање. Баерн пред тоа беше многу директен, ја освои триплета круна, имаше брзи играши и беше возбудлив за гледање, а Гвардиола ги промени играчите. Но, не можете да приговарате на неговите резултати“, рече Шмајхел.