Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот прв човек на Јувентус, Лучијано Моџи ги коментираше нападите на овој тим од страна на раководството и играчите на Наполи.
Откако Јувентус победи со 3:1 во првиот натпревар во купот, тешки обвиненија дојдоа на сметка на Јувентус.
Сметаат дека судиите им помогнале да стигнат до победата, а поранешниот директор имаше што да каже.
„По се изгледа дека Јувентус го користат како алиби затоа што се губитници. Како во Италија да не е дозволено да се биде супериорен.“
„Јувентус не одигра добро прво полувреме, но Наполи беше во подобра позиција. Тие не знаат што е фудбал, Наполи е тим кој ниту во сон не може да освои ништо.“
Во 2006 година го напушти фудбалот по скандалот за лажирање на натпревари.