Големи и во поразот: Хрватите ја оставија соблекувалната уредна после катастрофата

Ракометарите на Хрватска доживеаа вистинска катастрофа против селекцијата на Бразил.

Никој не очекуваше дека тие ќе бидат поразени, па со овој пораз од Бразил значително ги намалија шансите кога е во прашање полуфиналето.

Сепак, без обзир на тоа соблекувалната ја оставија уредна, односно баш онаква каква што ја најдоа.

Тие и на почетокот на првенството покажаа какви господа се, бидејќи секогаш ја чистат соблекувалната после натпреварите, а така беше и овој пат.