Дибала му одговори на Мурињо за провокациите по крајот на натпреварот

Аргентинскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Пауло Дибала смета дека Жозе Мурињо претерал со гестот на крајот на натпреварот помеѓу неговиот тим и Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед славеше голема победа во Торино (1:2), а Мурињо на крајот со еден гест ги разбесни сите навивачи на клубот од Торино.

„Немаше потреба да се прави поголема напнатост, таа и така беше присутна. Јас не го навредив, едноставно му реков дека нема потреба за такви работи и дека тој гест не му беше потребен“- коментираше Дибала.