Дисингер: Навивачите на Вардар се најдобри во Европа

Новото засилување за Вардар, германскиот бомбардер Кристијан Дисингер ја даде својата прва изјава по официјалното доаѓање во „црвено црното“ семејство.

Германецот истакна дека со нетрпение очекува да заигра за Вардар и да се запознае со навивачите кои според него се број еден во Европа.

„По три години поминати во Кил, со сите подеми и падови, среќен сум што Вардар ми дава нова ракометна шанса. Кил има одлични фанови, но навивачите на Вардар се апсолутно број 1 во Европа. Јас навистина со нетрпение очекувам да ја запознаат ова земја, народот, културата, големите навивачи и целиот тим на Вардар. Ќе дадам сè за клубот и се надевам дека можам барем малку да придонесам во успешна сезона, изјави Дисингер.