Добра вест за Сити, Агуеро се врати на тренинзите

Серхио Агуеро би можел да се врати на терените побрзо отколку што се очекуваше.

Аргентинецот пред две недели доживеа сообраќајна несреќа во Амстердам, а во незгодата доживеа и скршеници на неколку ребра.

Иако му се предвидуваше пауза од минимум еден месец, Агуеро се врати на тренинзите со тимот и се очекува да биде во комбинација за натпреварот со Стоук. Сепак, Гвардиола нема да ризикува многу и веројатно напаѓачот нема да почне во првите 11.