Елмас ги започна подготовките со Фенербахче под новиот тренер, Флипи Коку

Екипата на Фенербахче ги стартуваше подготовките во пресрет на новата сезона. Тренингот го водеше новиот предводник на клубот, Филип Коку.

На тренинзите се појави и нашиот репрезентативец Елиф Елмас за кого се уште не е познато дали ќе остане во тимот и оваа сезона или ќе замине на позајмица во некој друг тим.

Медиумите во Турција пренесуваат дека Коку сака да му даде шанса на нашиот интернационалец и Елмас веројатно ќе остане во редовите на Фенер барем во првиот дел од сезоната.