Зидан исфрлената ѕвезда ја внесе во тимот за Лигата на шампионите

Реал Мадрид ја објави листата од 25 фудбалери кои се пријавени за овосезонското издадение на ЛШ.

Тренерот Зинедин Зидан очекувано се одлучи на проверени имиња, а на списокот се најде и Мартин Одегард, кој се поврзуваше со заминување од клубот и не му даваа големи шанси да се најде на списокот.

Кралевите на хартија изгледаат одлично, а во оваа сезона ќе ја бранат титулата шампион на Европа.

Тимот на Реал за ЛШ: Навас, Касиља, Јенез, Карвахал, Пепе, Рамос, Варан, Начо, Марсело, Данило, Коентрао, Крос, Хамес, Касемиро, Ковачиќ, Асенсио, Иско, Одегард, Роналдо, Бензема, Бејл, Васкез, Мариано, Мората.