„Златната топка дајте му ја на Модриќ“

Поранешниот играч на Реал, Чичарито предложи нешто за што повеќе навивачи на Реал почнаа да зборуваат.

Откако Реал во Кардиф ја освои ЛШ по втор пат за 2 години, Чичарито даде изјава за „Златната топка“.

„Ве молам, дајте му ја Златната топка на Модриќ.“

Чичарито и Модриќ останаа во добри односи по само 1 сезона помината во Реал. Во минатото Чичарито кажа дека Реал со купувањето на Модриќ го направил еден од најдобрите трансфери во историјата.