Знаете ли кој има најпродуктивна младинска школа во Италија?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Медиумите истражуваа на оваа тема, па дојдоа до интересен податок, кој вели дека најмногу играчи од младинскиот сектор во Серија А и Серија Б „лансирала“ Рома.

Иако се чека Рома да исфрли бисер во блиска иднина како што се Тоти, Де Роси или Флоренци, во овој момент дури 44 фудбалери потекнуваат токму од нивната младинска школа, а кои се натпреваруваат во двете најсилни лиги во Италија.

Малку повеќе ги има во Серија Б, односно 25 во однос од Серија А, која има само 19 додека пет се во својот матичен клуб. Тоа се Де Роси, Флоренци, Пелегрини, Карпадоси и Антонучи.

Веднаш зад Рома е Милан, кој има 43 играчи во Серија А и Серија Б, а трет е Интер со 40 од своите деца.