И Един Џеко меѓу фудбалската фела испрати последен поздрав за Сала (ФОТО)

Познатите личности од светот на фудбалот, се простуваат од трагично загинатиот аргентински напаѓач, Емилијано Сала.

Аргентинскиот фудбалер настрада во авионска несреќа на релација Нант-Кардиф на 21. јануари, а неговото тело е пронајдено и извлечено вчера од англискиот канал.

Многу познати личности, особено од светот на фудбалот, се простуваат од него. Меѓу нив е и фудбалерот на Рома, Един Џеко.

Тој се огласи на на социјалните мрежи со фотографија од Сала и зборовите: „Почивај во мир…“