Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Бранислав Ивановиќ по потписот за Зенит не криеше дека имал опција да се преселиво Кина. ВО текот на јануари богатите кинески клубови успеаа да се засилат со ѕвезди како Тевез, Оскар и Пато, а исто така постоеше можност да го донесат и Ивановиќ.
Ивановиќ оваа сезона не беше во плановите на Челси и ги прашал дали може да замине.
„Ги замолим да ме пуштат ако стигне добра понуда. Челси се согласи и среќен бев поради тоа. Имаше опција да заминам во Кина, но јас сакав да играм на високо ниво и затоа го одбрав Зенит.“
Ивановиќ со Зенит потпиша 2-годишен догвоор, а во својата кариера и претходно има играно во Русија.