Изненадувачки трансфер на Ацо Јоновски

Репрезентативецот на Македонија, Ацо Јоновски, во следната сезона ќе биде член на германскиот третолигаш, Ратинген.

По завршувањето на договорот со Бергишер, Јоновски се реши да остане во Германија и сега ќе се натпреварува во третата по ред квалитетна лига во Германија.

За Јоновски постоеше интерес и од други клубови ширум Европа, но негова лична желба била да остане во најракометната светска нација.

Стружанецот Јоновски во својата богата кариера има настапувано за Пелистер, Вардар и Металург од Македонија, како и за Ла Риоха, Бергишер, Бешикташ, Силкеборг, Спортинг Хорта и Сент Гален.