Каква Кина, Пепе се сели во гигант!

Пепе би можел да направи уште еден голем трансфер пред крајот на кариерата.

Стоперот на Реал Мадрид, Пепе по 10 години заминува од Мадрид, а за неговиот потпис се бори ПСЖ.

Според медиумите, Пепе е во преговори со ПСЖ и би можел да премине таму како слободен играч.

Пепе има 34 години и во Реал стигна во 2007 од Порто за 30 милиони евра и ги освои сите можни трофеи од тогаш.

Оваа година падна во втор план, затоа што како стопери играат Рамос и Варан.

ПСЖ е повеќе од атрактивна локација за крајот на кариерата.