Камил Стох победи во Сапор!

Ски скокачот од Полска, Камил Сток стигна до победа во вториот ден од натпреварувањето во Сапор.

Стох, како водечки во генералниот пласман, имаше скокови од 137.5 и 140 метри, а второ место беше Андреас Велингер со 140.5 и 132 метри додека трет беше Крафт од Австрија со 132 и 144.

Камил има 1180 бодови, а следуваат Крафт со 1040 и Танде со 1034 поени.