Кеси дефинитивно го одбра Милан?

Играчот за врска на Аталанта, Франк Кеси ќе биде еден од најбараните фудбалери ова лето во Италија.

Кеси игра сезона од соништата во тимот на Аталанта и привлече голем интерес.

Според медиумите, Кеси на крајот се одлучил да премине во Милан и таму да ја продолжи кариерата, иако Рома беше заинтересирана за неговите услуги.

Наводно Рома му понудила помала плата на овој играч и тоа пресудило тој да го избере Милан. Трансферот би требало да изнесува 28 милиони евра.

Кеси оваа сезона одигра 27 натпревари во Серија А и постигна 6 голови.