Кинезите и Италијанците ќе треба да бараат на друго место – Раниери останува во ПЛ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Клаудио Раниери минатата недела доби отказ на клупата на Лестер само 9 месеци по освојување на титулата во Англија.

Раниери со Лестер минатата сезона испиша најубава фудбалска приказна, но поради лошите резултати во оваа сезона доби октаз.

По се изгледа дека тој нема да биде долго без работа, затоа што неколку денови подоцна доби 2 понуди од Италија и една од Кина.

Медиумите пренесоа деак Раниери е на мета на Фиорентина која во наредните неколку денови ќе му даде отказ на Пауло Соуза.

Управата на тимот од Фиренца го сака Раниери, но мали се шансите да се оствари тоа.

Агентот на Раниери изјави дека целта на неговиот клиент е што порано да се врати во ПЛ, односно дека тој нема намера да води клуб од Италија или од Кина.

„Да, го повикаа денес директно. Му понудија работа во Фиорентина, но тој го одби тоа. Како што реков, тој сака да остане во ПЛ, тоа ни е цел.“