Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сампдорија го донесе овој фудбалер во текот на минатото лето, а тој докажува дека е добро решение.
Младиот чешки фудбалер, Патрик Шик кој игра како напаѓач, минатото лето стигна во Сампдорија.
Поради неговите добри игри, многу клубови се заинтересирани за него, а меѓу нив е Интер.
Интер го сака како замена за Икарди, па во клубот сметаат дека тој би можел многу да напредува во наредните години.
Фереро на овој напаѓач му понуди и нов договор според кој ќе има откупна клаузула од 40 милиони евра, па Интер мора брзо да реагира доколку сака да го има во својот тим за наредната сезона.
Шик оваа сезона одигра 21 натпревар за Сампдорија, а постигна 7 голови.
Младиот фудбалер стигна од Спарта и сега има клаузула во договорот од 25 милиони евра.