Кинезите нудат 200 милиони евра за Роналдо?!

Реал за Роналдо доби неверојатна понуда од Кина, чии претставници доаѓаат на преговори во Мадрид наредната недела.

Тие нудат 200 милиони евра за трансферот на Реал, а на Роналдо му нудат големи 120 милиони евра годишна плата.

Медиумите објавија дека кинескиот фудбал во голем стил се враќа во трка за Роналдо. Неговата игра во ЛШ во Кардиф и одличната форма ги натера да се обидат да го донесат во свои редови.

Роналдо има договор со Реал до 2021-та година, а во Мадрид стигна во 2009-та година од Манчестер Јунајтед.