Клоп: Да го оставев Ловрен на клупата, луѓето повеќе ќе го паметеа тој потег


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул својот настап во ФА купот го заврши во третото коло, каде што беше елиминиран од Волверхемптон кој славеше со 2:1.

Откако играа сезона без порази во Премиер лигата, Редси по втор пат изгубија за само пет дена – прв пат од Сити минатиот четврток во првенството, а вториот од Волверхемптон во ФА купот.

Ливерпул во синоќешниот дуел настапи во комбиниран состав, а во однос на мечот против Сити стартери од првата минута заиграа само Милнер и Ловрен, со тоа што Хрвтатот се повреди веднаш по стартот на натпреварот кога беше и заменет.

„Не беше планирано да игра. Требаше да биде на клупата, но на крајот е донесена одлука да стартува. Не сум баш сигурен какви ќе беа коментарите доколку синоќа штоперски пар ни беше Фабињо – Хоевер, веројатно некои паметни луѓе ќе речеа дека не го почитуваме ова натпреварување“, рече Клоп, па додаде:

„Не ротирав затоа што сакав, туку затоа што морав. Последните три натпревари ги играше скоро идентичен состав, па промената беше неминовна“.

Не е познато колку ќе паузира Дејан Ловрен, но приличен хендикеп е за Ливерпул кој од стоперите на располагање го има само Ван Дијк, не сметајќи на младите фдбалери без поголемо искуство.

Ливерпул своето натпреварување во Премиер лигата го продолжува на гостувањето против Брајтон во сабота.