Крај на агонијата за фудбалерот на Ливерпул, конечно пронајде нов клуб

Како што пишуваат медиумите во Англија фудбалерот на Ливерпул кој воопшто не се наметна во клубот, Лазар Марковиќ во текот на денешниот ден и официјално ќе биде продаден.

За Србинот сериозен интерес има од редовите на грчки ПАОК, а за неговите услуги се распрашувал и тимот на Андерлехт.

24 годишниот фудбалер одигра многу малку натпревари во дресот на Ливерпул по неговиот трансфер од Бенфика пред четири години. Марковиќ долго време беше праќан на позајмици, а сега веројатно ќе биде продаден перманентно.