Кузмановски со прв коментар по заминувањето од Металург

Сега веќе поранешниот играч на Металург, Филип Кузмановски преку социјалните мрежи се огласи по неговото дефинитивно заминување од клубот од Автокоманда.

Македонскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во Еурофарм Работник, а преку социјалните мрежи му се заблагодари на тимот на Металург за се што му дал во изминатиот период.

„Ви благодарам за убавите години, но сега е време за нови предизвици“- напиша Кузмановски на социјалната мрежа Инстаграм.