Купи куќа во Милано – Од клупата на гигант се сели во Интер


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Летниот преоден рок не е ниту блиску, но некои трансфери веќе може да се претпостават.

Еден од нив е преминувањето на Ромеро од Јунајтед во Интер, кој наводно веќе е договорен.

Според медиумите, Ромеро веќе купил куќа во Милано, а тоа е доказ дека ќе стане член на Интер по завршувањето на оваа сезона.

Иако станува збор за одличен голман кој редовно брани за Аргентина, Ромеро и во Интер ќе има улога на резервен голман.

Јасно е дека прв избор ќе биде Хандановиќ.

Ромеро во Јунајтед стигна во 2015-та година како слободен играч од Сампдорија, а од тогаш одигра само 14 натпревари за Јунајтед.