„Ла Масија“ во втор план – Овие „феномени“ се на шопинг листата на Барселона!

Ова се играчите кои ги следат скаутите на Барселона.

Барселона сака да го подмлади тимот, некои играчите се веќе на прагот, како Мине кој има 22 години и игра за Палмеирас.

Но листата е долга, да речеме фудбалерот на Ница, Маланг Сар, како и Ридервалд на кој во Ајакс му предвидуваат голема иднина.

Се споменуваат и Максим Лопез, 19-годишнито играч на Марсеј, па потоа и Винсент Тил.

Адемола Лукман веќе успеа да избори место во Евертон кај Куман, а тој досега постигна 8 голови на 30 натпревари во сениорска конкуренција.

И на крајот, најпознато име е Каспер Долберг, феноменот од Ајакс.

Овој список и малку чуди, а се помалку играчи од „Ла Масија“ добиваат шанса и тој однос во тимот се смени во текот на минатите неколку сезони.