Ливерпул го среди Баерн на „Алијанц Арена“ и заслужено се пласира во четвртфиналето (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Екипата на Ливерпул ја заокружи англиската четворка во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако славеше победа од 3:1 на гостувањето на „Алијанц Арена“ кај Баерн Минхен.

Творец на победата на „Црвените“ беше Садио Мане кој постигна два погодоци, додека еднаш погоди Вирџил Ван Дијк.

Стрелец на погодокот за Баерн Минхен беше Жоел Матип кој сам си го совлада Алисон Бекер.

Со оваа победа Ливерпул е четвртиот тим по Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Манчестер Сити кој обезбедува пласман во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување. Со тоа Англија ќе е најзастапена во овој сегмент од натпреварувањето.

На вториот вечерашен натпревар, Барселона очекувано го совлада тимот на Лион со убедливи 5:1. Каталонците доминираа во текот на целиот натпревар и сосема заслужено ја однесоа победата на овој натпревар.

Меси на два пати и по еднаш Кутињо, Дембеле и Пике беа стрелци на головите за тимот на Барселона, додека за Лион стрелец беше Тусар.