Ливерпул покажа интерес за ѕвездата на Лајпциг

„Ливерпул Ехо“ пишува дека Ливерпул денеска контактирал со Лајпциг поради потенцијален договор за трансфер на Тимо Вернер во летниот преоден рок.

Медиумите пишуваат дека Ливерпул ги направил првите официјални чекори и се распрашувал за Вернер, на кого Лајпциг му подготвува нов договор и му нуди плата од 5,2 милиони фунти годишно за да го задржи.

Тоа не значи дека другите клубови не покажуваат интерес, а засега еден од нив е Ливерпул, кој и во јануари се поврзуваше со напаѓачот.

Вернер сезонава за Лајпциг постигна 14 голови на 25 натпревари и продолжи со одличните настапи по пристигнувањето во тимот во 2016 година.

Според „трансфермаркт“, Вернер вреди околу 58 милиони фунти, а останува да видиме дали „црвените“ ќе се обидат да го ангажираат и колку ќе го платат.