„Ливерпул ќе игра подобро без мене“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Многу европски клубови за време на Африканскиот куп на нации нема да може да сметаат на некои свои играчи.

Тоа е воедно најнепопуларниот дел од сезоната, а со тоа ќе мора набрзо да се соочи и Ливерпул чиј играч Садио Мане ќе ги брани боите на Сенегал на турнирот во Габон.

Мане смета дека неговото отсуство нема да има ефект врз Ливерпул.

„Ни се допаѓа системот во тимот. Навистина е одлично тоа што може да играме отворен натпревар. Мило ми е што можам да помогнам со моите голови, а и кога нема да ме има, сигурен сум дека тимот ќе игра уште подобро.“

Оваа сезона Мане постигна 7 голови и 5 асистенции.