Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо изјави дека е задоволен со победата против Баерн Минхен во ¼-финале и додаде дека има самодоверба.
Реал по пресврт го победи Баерн со 2:1 во ЛШ. Баерн го превзема водството со голот на Видал, но Роналдо со 2 голови направи пресврт.
Роналдо така стана првиот играч кој стигнал до бројот од 100 голови во натпреварувањата под покровителство на УЕФА.
„Не е лесно кога губите од тим каков што е Баерн, но на почетокот на второто полувреме се вративме во игра и победивме. Тоа е фудбалот, Видал да погодеше од пенал, можеби натпреварот ќе завршеше поинаку, но фудбалот е полн со изненадувања.“
Роналдо постигна 98 голови во ЛШ, 82 за Реал и 16 за Јунајтед. За него е Меси од Барселона со 94 голови.
„Не знам кој се сомнева во мене, мора да има малку такви луѓе. Тие што го сакаат Роналдо не се сомневаат. Мора да ми кажете кои се тие луѓе, затоа што никој не дојде кај мене. Среќен сум, сакав да поставам нов рекод, а уште подобро е тоа што го направив против Баерн.“