Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес од 14:30 се играше натпреварот помеѓу Евертон и Манчестер Сити.
Првото возбудување беше во 12-та минута кога Стерлинг успеа да ги помине сите и да стигне до казнениот простор, но таму Џоел Роблес успеа да го сопре.
Во 34-та минута Миралаш ја додаде топката до Лукаку кој испрати одличен удар во долниот десен агол и постигна гол за 1:0.
Во 38-та минута Стерлинг имаше шанса, но ударот заврши над пречката.
Во 47-та минута Миралаш доби добро додавања и во свој стил ја смести топката во долниот лев агол.
Ништо посериозно немаше се до 80-та минута, кога Том Дејвис погоди за 3:0.
Голема шанса за Агуеро во 81-та минута, кога имаше шанса еден на еден со голманот, но не успеа да погоди.
И кога сите мислеа дека е готово, дека заврши овој хорор за Манчестер Сити, тогаш Лукмен во 4-та минута од продолжението ги постави конечните 4:0.