Марија Шарапова нема да игра на Ролан Гарос!

Руската тенисерка Марија Шарапова не доби специјална покана за вториот Грен Слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

По неколку недели разгледување на француската тениска федерација, тие одлучија да не и дадат специјална покана за главниот турнир или ждреб и така таа не може да настапи на вториот Грен Слем турнир.

30-годишната тенисерка се врати минатиот месец по 15 месеци суспензија поради допинг.

Денес беше објавен списокот со добитници на покани за настапот на вториот Грен Слем турнир, а на него не беше името на Шарапова.

Ролан Гарос се игра од 28 мај до 11 јни, а се игра за награден фонд од 36 милиони евра, а титулата ја брани Мугуруза.