Милан го сака „чудото од дете“ од Ајакс!

Екипата на Милан би можела да се засили со играч од најпријатното изненадување на ЛЕ оваа сезона.

Децата на Ајакс успеаа да се пласираат во ½-финале на ЛЕ и не само тоа, тие успеаа да го победат Лион со 4:1 на свој терен.

Со добрите резултати на младите фудбалери, како што се играчите на Ајакс, доаѓа и интерес за нив.

Милан сака да го донесе Каспер Долберг, младиот 19-годишен фудбалер кој беше еден од најдобриот против Лион.

Данецот оваа сезона постигна 20 голови, а е еден од најдобрите играчи на тимот и се верува дека вреди 25 милиони евра.

„Не зборував со ниту еден тим од Италија.“, изјави неговиот агент.