Младиот Бразилец ги одби Јувентус, Атлетико Мадрид и Волфсбург!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Одбранбениот играч на Сао Паоло, Лијанко ја одби можноста да премине во неколку европски гиганти.

Младиот Бразилец во средата стана играч на Торино, а на своите нови соиграчите ќе им се приклучи наредната сезона.

„Јувентус, Атлетико Мадрид и Волфсбург беа многу заинтересирани, разговаравме со сите, дури ги посетивме и нивните тренинг центри.“

„На крајот неговиот избор беше да замине во Торино. Таму веднаш ќе игра, таму има тренер кој ќе допринесе во неговио развој.“

Овој играч има корени од Србија, па така овој 20-годишен фудбалер настапуваше за репрезентацијата на Србија до 19 години, а последниот настап го имаше во дресот на Бразил.