Мојс ќе донесе свој поранешен фудбалер?

Медиумите пишуваат дека Сандерленд сака да го засили својот тим со играч од Евертон.

Дејвид Мојс сака повторно да соработува со Фил Џагиелка.

Тие двајца долго и успешно соработуваа додека Шкотот го водеше Евертон, а нивната соработка би можела да се продолжи и во Сандерленд.

Се зборува дека Евертон ќе го донесе Ивановиќ, а тоа е шанса за Мојс да го донесе Џагиелка.

Мојс верува дека со искусниот стопер во тимот има шанси да остане во ПЛ.

Џагиелка има 34 години и од време на време игра за Англија. Досега одигра 40 натпревари за Англија и постигна 3 голови.