Мурињо играч од втор план се одлучи да го награди

    Играчите на Манчестер Јунајтед не ги оправдаа очекувањата во досегашниот дел од сезоната.

    Посебно тоа се однесува на некои ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ.

    Иако Јунајтед и не игра лошо, едноставно резултати нема и тоа може да ги загрижува Жозе Мурињо и неговите помошници, но и сите навивачи на Јунајтед.

    И додека ѕвездите пробуваат да се адаптираат на новата средина, староседелецот Џеси Лингард  покажа во последниот меч против Барнли дека е квалитетен.

    Клубот се одлучи со него да ја продолжи соработката, и ќе добие зголемување во однос на досегашните 30 000 фунти неделно. Дваесет и три годишниот има договор со Јунајтед на уште 18 месеци, но на Олд Трафорд проценија дека тој заслужува уште долго во клубот.