На Островот тврдат: Големи имиња чекаат во ред за клупата на Јунајтед, време останува се помалку...

Јунајтед денес остана без тренер откако Жозе Мурињо заработи отказ по низата лоши резултати во Премиер лигата.

Екипата во следните неколку дена на тренингот најверојатно ќе ја предводи Мајкл Керик, а тоа е само купување на време кое управата го има се помалку.

Стратегијата на Јувентус е да вработи тренер кој сезоната ќе ја приведе кон крајот, а потоа на лето ќе побара решение за подолги стази- фаворити се Мануел Покетино, Антонио Конте и Зинедин Зидан.

Сепак, клубот ќе мора да пронајде тренер кој подобро ќе ја води сезоната, а Гардијан тврди дека во игра се две опции.

Првата е Лоран Блан, Французинот настапуваше на „Олд Трафорд“ две сезони како играч, а има доста искуство како тренер во ПСЖ и селектор на француската репрезентација. Без ангажман е и повеќе од заинтересиран за клупата на великанот барем и на шест месеци.

Втората опција е легендата на клубот, Оле Гунар Солскер, Норвежанецот моментално е на клупата на Молде што не би требало да претставува проблеми, меѓутоа тој веќе го предводеше Кардиф на Островот, и не е прослави, па навивачите се скептични.

А време се помалку…