Надал се мачеше во првиот сет, па го растури Лајовиќ во следните два

Српскиот тенисер Душан Лајовиќ беше достоен противник на светскиот тенисер број еден во воведното коло од УС Опен.

Лајовиќ одигра феноменален прв сет против големиот фаворит, направи брејк и уште во раната фаза од сетот стигна до 3:1, а на водство од 5:4 во гемови не успеа да го добие сетот на свој сервис. Надал го изедначи резултатот, па во тај-брејк по голема борба го доби со 8:6.

И тоа беше се од Лајовиќ во овој натпревар. Откако го намачи Надал во сет кој траеше еден час и пет минути, во продолжение целосно падна, па Шпанецот без проблем ги освои двата сета со идентичен резултат, 6:2.

Во второто коло се пласираше и Александер Зверев кој со 3:0 славеше над Даријан Кинг од Барбадос. Останатите натпревари кои не беа играни на централниот терен беа откажани поради дожд.