Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Промашување вредно 37.5 милиони евра.
Кога се појави во англискиот фудбал Лук Шо автоматски стана хит. Дебитираше за Саутемптон на 16 години во Чемпионшип и како тинејџерска ѕвезда привлече голем интерес од Арсенал, Челси и Сити. Кога почна да играат во ПЛ, се вклучија многу тимови во борбата за неговиот потпис.
Победи Јунајтед и 18-годишниот Шо го направија најскапиот тинејџер на сите времиња во светскиот фудбал, откако платија 37.5 милиони евра за него.
Шо никогаш во Јунајтед не ги оправда вложените пари. Ова му е трета сезона во тимот и наместо да напредува, тој оди на полошо. Во првата сезона кај Ван Гал тој одигра 20 натпревари и имаше проблеми со повреди. Потоа во втората сезона започна како стартер и имаше голема повреда.
Потоа дојде Мурињо и Шо не успеа да се врати во тимот. Почна како стартер, но набрзо ја изгуби довербата на Мурињо. Во 5 натпреварувања тој одигра само 14 натпревари, а од ноември тој нема добиено шанса. Мурињо одбра друга опција за лев бек.
„Играм со Блинд, Рохо и Дармијан кои играат на начинот на кој што сакам. И начинот на кој треба бековите да играат. Шо треба да чека шанса затоа што кај мене ништо не е бесплатно.“
Шо најверојатно ќе замине од тимот, а Јунајтед ќе изгуби многу пари.
Интересно, повторно Саутемтпон го сака Шо. Тие сакаат да го вратат и да му ја оживеат кариерата. Секако, за многу помала цена. Се споменува и Вест Хем. Скоро е сигурно дека на Шо му се избројани деновите во Манчестер и дека Мурињо не сака играчи кои оставаат премногу простор во одбраната.