„Не е тенисот само во Грен Слем турнирите“

Сопственикот на турнирот во Мадрид, Чиријак го критикуваше Федерер поради прескокнување на целата сезона на земја.

Федерер одлично ја отвори сезоната со титулите во АО, Индијан Велс и Мајами, но одлучи да направи нова пауза и да се врати пред Вимблдон.

„Очекував да го видам Федерер во Монте Карло, Мадрид и Рим. Во текот на кариерата секогаш играше добро, но сега е поинаку. Ретко игра и повеќе не може да сметаме на него. Тој е голем шампион, но тенисот не е само на Грен Слем турнирите.“

Федерер кажа дека не сака да игра на земја, затоа што минатата сезона се чувствувал чудно, поради проблеми со коленото.