Неверојатно – Погледнете каков тим би имал Ривер Плејт да ги задржел сите играчи!

Би бил тоа еден од најдобрите напаѓачки тимови во светот.

Медиумите направија тим на Ривер Плејт во случај тој да не ги продадеше сите играчи во претходните гоини, а тимот изгледа неверојатно.

Што се однесува до одбраната, таму се Мерсадо од Севиља, Мамана од Лион и Мори од Евертон. На голот е Батал кој сеуште е во Ривер, но станува за еден од најголемите голмански таленти. Него го бара Реал Мадрид.

Средниот ред го вод Маскерано кој изгради голема кариера, а во средината се наоѓа уште и Ланцини кој добро се прилагоди во Вест Хем. На крилните позиции се Ламела од Тотенхем и Санчез од Арсенал.

Тоа што привлекува големо внимание е нападот кој го води Игуаин од Јувентус, Фалкао од Монако и Симеоне од Џенова.

На клупата се уште некои легендарни играчи како Камбијасо и Демикелис.