Нова војна на Мурињо и Гвардиола: Сити и Јунајтед го сакаат најдобриот бек во ПЛ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити повторно ќе се борат за еден фудбалер.

Според медиумите, левиот бек на Тотенхем Дени Роуз е голема желба на Гвардиола и Мурињо.

Наводно, Сити е подготвен во јануари да понуди 30 милиони евра за 26-годишниот бек.

Сити има проблеми во одбраната, на бековските позиции се Коларов, Клиши, Сања и Забалета кои имаат над 31 година.

Сепак, ниту Јунајтед нема да се откаже од Роуз, бидејќи Мурињо исто така го сака левиот бек. Тој не е задоволен од игрите на Шо, а Блинд исто така имаше слаби игри оваа сезона.

Тотенхем нема лесно да се откаже од својот играч, особено поради фактот дека неодамна тој потпиша нов договор.